ОПШТИНА ПРИЛЕП : ЕДУКАТИВНА СОРАБОТКА ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА КИНЕСКАТА КУЛТУРА И ЈАЗИК

0
265

Дел од прилепски основци и средношколци, како и наставници, оние кои имаат афинитети за изучување на јазици, доброволно, ќе имаат можност да го изучуваат кинескиот јазик, кинеската култура и обичаи.

Ова, благодарение на воспоставената соработка на Општина Прилеп со амбасадата на Република Кина и Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ – Скопје.

Претставници од Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ деновиве ја посетија Општината и имаа средба со директорите од основните и средните општински училишта, советникот за образование при ЛС, како и со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, на кои им ги пренесоа можностите и идејата за едукативна соработка. Воедно, двете страни веќе имаат потпишано и Меморандум за соработка, преку кој се изразува подготвеност за взаемна помош и поддршка во користење на кадровските и стручните можности од двете страни.

„Соработката ќе се состои од помош и поддршка во изучувањето на кинескиот јазик, култура и обичаи. Дел од прилепски ученици и наставници кои сакаат да ги збогатат своите јазични знаења и да научат за источната  култура,  ќе можат да ја искористат оваа ретка можноста да се запознаат со поразличен јазик од европската група на јазици, со кој секојдневно се среќаваат, да дознаат повеќе за источната, кинеска култура и обичаии, а познавањето на странски јазик не е од штета- тоа е големо богатство за секој човек. Ние како општина при оваа соработка нудиме стручни и просторни можности, а нашата соработка ќе се одвива преку едукативни активности, организирање на културни настани, семинари, работилници во кои што ќе бидат вклучени нашите ученици и наставници од општински училишта. “ рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски

Дека соработката со кинескиот народ е подолгорочна, говори и фактот што Општина Прилеп пред дестина години се збратими со кинескиот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, за остварување на економска соаботка. За време на пандемијата, од збратимениот кинески град општината доби донација од 200 заштитни одела како помош од кинескиот народ, а со кинеска донација од 300.000 евра, добиени од кинеската Влада, пред една деценија прилепското ООУ. “Гоце Делчев”, беше комплетно реновирано.