ОПШТИНА ПРИЛЕП : ДОЦНА СИНОЌА Е ОДРЖАН КРИЗЕН ШТАБ ЗА ПОЖАРОТ КАЈ ЗАДГРАД

0
71

Доцна синоќа беше одржан кризен штаб на кој се разговараше за пожарот кај местото викано Задград и опасноста тој да се приближи кон манастирот Трескавец.

На оваа средба, покрај градоначалникот, присуствуваа и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и претставници од ТППЕ Прилеп.

Пожарот е локализиран и во моментов манастирот не е загрозен, додека на терен постојано има дежурни тимови на ТППЕ Прилеп.

Општина Прилеп, превентивно, испрати барање до ЦУК за воздушна поддршка во случај на влошување на ситуацијата и засилување на пожарот.

Ги известуваме сите граѓани дека во моментов пожарот е локализиран и нема опасност по објектите во близина на местото на пожарот и по манастирот Трескавец.