ОПШТИНА ПРИЛЕП : ДЕНЕС НА 23 АПРИЛ ВО ГРАДОТ ИМА 5 ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

0
355
  1. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација, двајцата се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 348 лица;
  4. Во текот на изминатото деноноќие нема прекршување на полицискиот час.