Wednesday, July 16, 2025
28.8 C
Skopje

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ПОДНЕСЕ ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА ЗА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ СКОПЈЕ

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски објави дека е поднесена прекршочна пријава против ЈП „Комунална хигиена “Скопје поради отпадот кој не се собира редовно од територијата на општината. Ѓорѓиевски посочува дека контејнерите во општината се полни и на овие високи температури се шири страшна миризба.

„Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град.  Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена” кое сите граѓани на Скопје го плаќаме.  Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно напиша градоначалникот.

Тој додаде дека во нормалната комуникација немало никаква рекација од нивна страна и поради тоа бил испратен комунален испектор да ја провери состојбата на терен при што се увидело дека ситуацијата е катастрофална. Ѓоргиевски напомена дека секое непостапување од страна на „Комунална хигиена“ ќе значи нова прекршочна пријава.

ОВАА НЕДЕЛА

МВР ВРАБОТУВА 150 ПОЛИЦАЈЦИ

Јавен оглас за прием на 150 нови поициски службеници БИДИ...

КАЛАС: СОВЕТОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ЕУ НЕ ПОСТИГНА ДОГОВОР ЗА 18-ОТ ПАКЕТ САНКЦИИ КОН РУСИЈА

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ