Кисела Вода добива нова полициска станица!
♂️ Со министерот Панче Тошковски детално ги разгледавме следните чекори за реализација на ова значајно безбедносно прашање.
☝️Отворањето на трета полициска станица во овој дел од градот ќе значи побрза и поефективна реакција на полицијата во ситуации кога е загрозена безбедноста на нашите жители, како и зголемена присутност на полицијата на терен.
Овој состанок беше фокусиран на дефинирање на конкретните активности потребни за изградба на новата полициска станица, која е предвидена со Деталниот урбанистички план (ДУП) во близина на кружниот тек помеѓу Кисела Вода и Припор.
Беше направена анализа на предложената локација, која е стратешки избрана за да одговори на потребите на населението од овој дел на општината.
Исто така, во новиот објект ќе има и административни служби за вадење на документи, а предложеното решение ќе ги растерети и постојните полициски станици „Беко“ и „Пролет“.
️ Проблемите со недостаток на простор и ограничен паркинг, кои се особено изразени во овие станици, ќе бидат значително олеснети со реализацијата на новата станица во Кисела Вода.
☝️Го информирав министерот дека ние, како општина сме во завршна фаза со подготовката на потребната проектна документација и заеднички ги дискутиравме оперативните и техничките детали, како и следните чекори за реализација.
♥️ Верувам дека со оваа соработка ќе успееме да реализираме еден значаен проект што ќе донесе долгорочни придобивки за граѓаните.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.