Општина Гази Баба се приклучи кон еко–акцијата “Администрацијата чисти”, исчистени се критични точки

0
364

Денеска во општина Гази Баба во акцијата за расчистување на јавните површини учествуваа преку 500 вработени во државната администрација пред се од администрација на општина Гази Баба со целосната механизација на ЈКП Гази Баба 2007, како и од Министерството за здравство, од Фондот за здравствено осигурување, од Државниот санитарен инспекторат, од Здравствен дом Скопје, Агенцијата за лекови и медицинска опрема, Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, Управата за електронско здравство, како и Задовот за рехабилитација на деца и младинци.

  • Таргетот ни е комплетната улица на “Перо Наков” и “Индустриска”, каде што селектирано го чистиме целиот отпад, посебно ќе се селектира пластиката и останатиот дел на отпад. Вклучени се сите екипи на ЈКП Гази Баба, по завршувањето на акцијата целиот смет се носи во Дрисла. Се надевам дека ваквиот успешен дел ќе влијае и на граѓаните и на подигнувањето на свеста затоа што ова го имаме на оваа јавна површина говори дека во периодот кој што ни следи сите институции треба да работиме во делот на подигнување на свеста, на селектирањето на отпадот, а пред се на заштита на животната средина затоа што тоа е многу битно за нас, како администрација. Општина Гази Баба е најголема општина во град Скопје и токму затоа тешко е за одржување особено кога се преплетуваат и надлежностите, ЈП Комунална хигиена одржува само дел од главните и сервисни улици, останатиот дел ќе треба ние граѓаните и преку вакви акции во континуитет да ги продолжиме се со цел да ја одржуваме здрава и чиста животната средина, рече Георгиевски.