Утрово градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на еден прекрасен спортски крос, организиран од страна на Сојузот на училишен спорт Гази Баба за учениците од општинските основни училишта на територија на Општина Гази Баба.
На кросот учествуваа повеќе од 300 ученици кој трчаа на различни далечини. Со овој крос ги започнуваме спортските активности кои се организираат во рамки на Сојузот на училишен спорт Гази Баба за новата учебна година. Им честитаме на учениците кои постигнаа најдобри резултати. И во следниот период ќе даваме силна поддршка на Сојузот на училишен спорт, бидејќи таа поддршка е за учениците од нашите општински основни училишта.