Денес општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општината.
– Искрено се надевам дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе стимулира нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони. Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата, порача градоначалникот Дарко Костовски и нагласи дека Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, а веќе се, како што рече Костовски и лидери во спортска инфраструктура.
– Јас како градоначалник и Општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина. Честитки за сите спортски клубови и им посакувам успешна работа, заклучи Костовски.