ОПШТИНА БИТОЛА : СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ЃОРЃИ БЕЌАРОВ“

0
170

Во тек е асфалтирањето на коловозот на улицата „Ѓорѓи Беќаров“, откако претходно беше отстранет стариот асфалт и беа поставени нови ивичници.

Градоначалничката Наташа Петровска и проектниот тим извршија увид во теренските активности, при што беа запознати со динамиката на работа, а според предвидениот проект, оваа улица ќе биде асфалтирана со два слоја асфалт.

Реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Беќаров“ е во вредност од над 7.200.000 денари, како дел од Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола, на иницијатива на градоначалничката Наташа Петровска.