ОПАААА – Падна и второто обвинение кое СВР Битола го поднесе против активистот на „Шарената револуција“ Жарко Стеваноски

0
1228

Пишува: Зоран Милошески

Прилепскиот Основен суд го отфрли и второто обвинение кое против еден од водачите на „Шарената револуција“ во Прилеп, Жарко Стеваноски, го поднесе СВР Битола-Полициска станица (ПС) Прилеп.

Со донесената пресуда Стеваноски е ослободен од одговорност од поведената прекршочна постапка дека на 18.05.2016 година, испишувајќи го графитот „Кај ви е хилтата?“ на асфалтот пред старата зграда на Општина Прилеп, сторил прекршок со кој ја загрозил безбедноста во сообраќајот. Имено, според поднесеното обвинение, испишаниот графит „имитирал односно личел на сообраќаен знак со што ги заслепувал учесниците во сообраќајот и го одвраќал нивното внимание“.

Стеваноски ја најави ваквата разврска на сите обвиненија кои против него ги поднесе СВР Битола, па токму затоа ги потсетува подносителите дека постои законска регулатива која го санкционира лажното пријавување на кривично дело или прекршок.

 

Повеќе за оваа сторија ќе прочитате на порталот Публикум ОВДЕ