ОПАААА, КАТИЦА И СЈО СЕГА ГО РОВАРАТ И КАНАЛ 5 И СТОЈМЕНОВ : Тим на Катица Јанев упаднал и во телевизија Канал5!

0
1145

Специјалното јавно обвинителство влегло во Канал 5 телевизија. Алсат М дознава дека во петокот тим на Катица Јанева бил во овој медиум. Не откриваат што истражувале и каква документација побарале, бидејќи постапката била тајна. СЈО истиот ден ја чешлаше документацијата и на Медиа Принт Македонија, под чија капа се дневните весници, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.

Неофицијално истражители го проверувале финансиското работење на оваа медиумска куќа. Инаку и денеска медиумските работници од овие три весника штрајкуваа поради неподмирени плати. Наместо четири, од денеска штрајкуваат по шест часа дневно. Синдикалните претставици се пожалија дека добивале телефонски закани од менаџментот штрајкот да прекине, во спротивно новинарите добивале закани дека ќе бидат избркани од работа.