ОО СДСМ БИТОЛА – БАКОВСКА : УЧЕНИЦИ НЕМААТ ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ЗАРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА КОЊАНОВСКИ

0
543

Прес конференција на Весна Баковска, претседател на комисија за образование.

Ученици од повеќе населени места во околината на Битола се оставени без организиран превоз до своите училишта заради неажурноста на Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски. Помина половина месец од почетокот на новата учебна година, а општината дури сега ги реализира тендерите за избор на превозници за учениците.

Наместо да ги распише огласите навреме, Општина Битола се сетила на обврската да обезбеди организиран превоз за учениците на крајот од летниот распуст. Според податоците достапни на Електронскиот систем за јавни набавки, општината собирала понуди од превозниците до 30 август. Па, потоа ги оценувала дали се прифатливи или не, па додека помине периодот за жалби, па дури да се потпишат новите договори, учениците остануваат без организиран превоз. Крајно неодговорното однесување на општината и градоначалникот Тони Коњановски е на штета на учениците и нивните семејства кои трета недела се снаоѓаат како знаат и умеат за да стигнат на училиште.

Градоначалникот Тони Коњановски очигледно не ги научил лекциите од минатото иако беше советник во најцрниот период за битолското образование кој резултира со крах на училиштата и двата судски процеси Транспортер. Коњановски да не се поигрува со образованието во Битола, да ги заврши постапките за превоз и за целиот овој период да ги обесштети учениците.