ОМ: Ги повикуваме членовите и симпатизерите на протестот во одбрана на Уставот

0
959

Oбединети за Македонија ги повикува сите членови и симпатизери да се приклучат на утрешниот протест во одбрана на Уставот на Република Македонија.

„Одбраната на највисокиот правен акт на земјава значи и одбрана на државата и нашето безбедно опстојување.Со одбраната на Уставот ги браниме и сите наши загарантирани права и слободи.Со ова ќе и се спротивставиме на државната мафија, која го затвори и нашиот претседател Љубе Бошкоски. Да излеземе сите во што е можно поголем број, за да не дозволиме некој од сегашново владино злосторничко здружение, да ги доуништи нашите животи. Да излеземе за да ги „казниме“ злосторниците“, стои во соопштението на ОМ.