Владимир Петрески, новинар и уредник на Сервис за проверка на факти во медиумите, доби закани со ќотек од водителот Миленко Неделковски.
„Миленко ми се заканува со ќотек. Не му се допаѓа твитот во кој велам дека користи говор на омраза“, објави Петрески на својот Фејсбук-профил.
Петрески како доказ за заканите од Неделковски објави и принтскрин од неговиот коментар и заканата која по ја добил од Неделковски.