ОЛИГАРХОТ ОРЦЕ СЕ РАЗБОЛЕ – ЌОРКАТА НЕ БИЛА ЗА МИЛИОНЕРИ, ВАЗДУХОТ БИЛ ЗАСТОЕН, ТЕМНО И ЛАДНО БИЛО, ТОА БИЛО САМО ЗА ОБИЧНА РАЈА ШТО КРАДЕ ЌЕБАПИ

0
4737

12 години со другарчето Саше Мијалков беа бог и батина во земјава, заедно медиски и финансиски раководеа со земјава, додека се полнеа занданите со политички противници.

Ама тогаш убаво им беше, локаа и ждереа во Воденица, акаа по Монако и Малдивите, го билдаа капиталот, го ширеа бизнисот, хотели, фарми, банки, печатници, медиуми, млекари, згради…

Сега кога дојде време да се одговара, оп отуго олеле, ладно било во ќорка, темно било, ваздухот бил застоен, немало услови за живот?!?!

Кога се праќаа во зандана непријателите на мафијата и режимот, новинари, бизнисмени, политичари, тогаш немавте за тоа емпатија, туку и медиски ги покривавте апсењата, ги оправдувавте?!?!

Сега вие барате емпатија, џелатите бараат емпатија од оние што беа колени и бесени?!?! Па ова го нема ниту на филм!!!

Подолу соопштението на адвокатот на Камчев кој се жали кај Геро на Плусинфо за лошите услови во Шутка:

  • Одбраната на притворениот Јордан Камчев во текот на денешниот ден писмено и официјално ќе се обрати и ќе побара асистенција и мониторинг од Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, од Асоцијацијата за превенција од тортура од Женева, од Македонскиот народен правобранител (оддел на национален превентивен механизам), како и од македонскиот Хелсиншки комитет.

    Одбраната од нив ќе побара да спроведат ад хок мисија, бидејќи Камчев е подложен на нехуман, понижувачки третман и тортура од страна на институциите кои ја имаат ограничено неговата слобода со мерката триесетдневен притвор.

    Просторијата во која се држи Јордан Камчев е под сите минимални стандарди согласно со закон и со меѓународно право. Нема санитарна вода, а вода за пиење добива ограничено и не секој ден. Нема пристап до светлина и до свеж воздух.

    Оваа ситуација на нехуман, нечовечки и понижувачки третман и тортура само придонесува здравјето на Камчев да се влошува од ден на ден, за што беа предупредени правосудните институции и им беше доставена целокупна медицинска документација од наша страна. За жал, досега нема никакво дејствие од нивна страна ниту било каков одговор, вели одбраната.

    Со цел заштита на животот и на здравјето на клиентот, одбраната ќе ги искористи сите легални и легитимни институции, како македонски така и меѓународни да извршат мониторинг, надзор и заштита од ваквото постапување.

    Да имаме во предвид дека претседателот на Комитетот за превенција на тортура при Советот на Европа, Микола Гнатовски, во декември 2020 година, при неговата посета на Македонија, бараше од Владата поригорозно водење на основната реформа на затворскиот систем, во согласност со долгогодишните препораки на Комитетот, аргументира одбраната на Камчев.