Оливер Спасовски се огласи по повод скандалот што го предизвика ,,Левица” : Немаше приведување, лицата биле легитимирани

0
871

Министерот најави дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале.

Во врска со објавите на социјалните медиуми за приведување на лица кои протестирале денеска, сакам да инфoрмирам дека немаше случај на приведување. Лицата биле легитимирани. Истовремено сакам да ве информирам дека ќе бидат проверени сите информации за евентуална употреба на сила врз граѓаните кои протестирале. Детално ќе се испита случајот и ќе има соодветна информација за јавноста.

Фејсбук статус на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски