Едно лице е приведено за време на вчерашните протести пред Собранието против преговорите со Грција.
Како што соопшти МВР, К.Г. (24) бил приведен и по извршениот разговор бил задржан во полициската станица. Во билетенот се наведува дека тој е приведен откако во Жена парк биле пронајдени пет шишиња со запаллива течност.
Од останатите инциденти на протестот, со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница. Исто така, неколку непознати лица запалиле знамиња на Република Грција и Република Албанија.