ОК на ДПМНЕ Кр.Паланка избира претседател – шверцери и криминалци најсериозни кандидати

0
916

Во ОК на ДПМНЕ Крива Паланка се води вистинска борба за ослободената претседателска фотеља.

Од внатрепартиски извори дознаваме дека овој ОК во моментов е поделен на многу фракции кои не бираат начини како сами помеѓу себе да се искодошат во централата на владејачката партија во Скопје.

Но од она што го дознавме, евидентно е дека борбата ќе биде помеѓу крилото на градоначалникот Алексовски кој си форсира свои проверени послушници и лица кои финансиски зависат од него за да преку нив има влијание и контрола во Општинскиот Комитет. Тоа се некои вработени во општината како и неговата десна рака, поранешниот директор на ЈП Комуналец, познат “преку-граничен бизнисмен”и криминалното крило предводено од доскорешниот секретар (осуденик на казна затвор)чија сопруга е актуелна претседателка на УЖ, инаку блиска до СДСМ. Тие до сега си се местеа на функции како сакаа. Истото ова крило форсира повеќе кандидати како и еден актуелен советник во општина, кој не само што е исто така познат “преку-граничен бизнисмен” (алаш-вериш) кој со години боде во очи со тоа што вози автомобили само на бугарски таблички туку е и еден од главните посредници за вадење на бугарски пасоши. Тоа го прави јавно и за пари. Патриотски – нема што.

Се на се, досега во игра се над дваесетина кандидати, а изборот ќе го врши централата во Скопје.

Повеќето членови коментираат дека сепак кој и да биде избран ќе биде подобар од досегашниот претседател Стојчевски кој ќе биде запамтен како најкатастрофалното решение за претседател на ОК од оваа општина.

Но како што одминува времето до назначување, така расте и нервозата и меѓусебното нетрпение на завојуваните страни внатре во Општинскиот Комитет, што воопшто не е добро за партијата во пресрет на се поизвесните предвремени парламентарни избори.

Додека членството на партијата од оваа општина очекува да добие нов претседател, во исто време се слушаат најави за можни меѓусебни физички пресметки внатре во ОК доколку не им се остварат плановите на неколкуте фракции.

Впрочем кога сме кај Крива Паланка, тоа и нема да биде ништо ново, бидејки сеуште се свежи сеќавањата дека многу пати кога се одлучувало за некои кадровски решенија во овој ОК, често завршивале со физички пресметки.