Пресконференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Почитувани,
Негрижата кон институциите од културата продолжува во континуитет 7 години по ред. Но, целта на СДС е очигледна: уништување на културата и културното наследство во Македонија.
До нас стигнаа информации дека на ден 26.01 во Домот за култура ,,Марко Цепенков” во Прилеп се случила поплава поради пукната цефка при што е нанесена огромна штета. Целосно оштетени биле гримиорните, задната страна на големата сцена, како и гаражата која била целосно поплавена.
Затоа, упатуваме прашање до министерот за култура Бисера Стојчевска, дали домот е осигуран со оглед на тоа дека истиот е Национална установа и е во надлежност на министерството за култура? Дали и другите објекти низ Македонија кои се во надлежност на министерството се осигурани?
Еве причина и повод за да ЈО по допрен глас ги преземе сите мерки кои се во нивна надлежност со цел утврдување на можна кривична одговорност.
Колку за потсетување, органите за прогон водеа постапка против поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески, за ваква слична работа во врска со штета по општинската зграда, па очекуваме обвинителството да ја покаже својата непристрасна работа и истите дејствија да ги преземе во врска со штетата во Домот за култура Марко Цепенков. Министерката очигледно повеќе се интересира за културниот живот во Косово, отколку за во Македонија.
Кога сме веќе пред Домот на култура, ја разобличуваме крајно лагата на СДС и министерката. Новиот театар ниту е почнат, ниту ќе започне годинава. На јавноста треба да и биде јасно дека Прилеп нема да добие театар, затоа што немаат проект и немаат обезбедено ни средства во буџетот на државата за 2024 година, а театарот не е ниту споменат во годишната програма на министерството.