ОКОЛУ 2.000 ПОСЕТИТЕЛИ ОД УТРОВО ВО ДИНО ПАРКОТ, ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИ ОЧЕКУВА ДА СТАНЕ РЕГИОНАЛНА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

0
541

Дино паркот работи од 9 до 21 часот, влезот е 50 денари.(Фото: Зоолошка градина)

Од утрово околу 2.000 граѓани го посетиле Дино паркот во склоп на скопската Зоолошка градина. Директорот на градината Ѓорѓи Галетановски вели дека првиот ден е голем интересот на граѓаните и дека утрово редица деца чекале за влез во паркот

„Отворивме во 9 часот и пред вратата нè пречекаа група деца со нивните родители. Работиме според ковид протоколи односно во градината не пуштаме повеќе од 300 лица, иако станува збор за отворен простор со површина од 2.000 метри квадратни. Децата се воодушевени од диносаурусите за кои и возрасните посетители ни рекоа дека изгледаат како вистински. Очекувам викендов да имаме околу 7.000 посетители, а во наредните денови и викенди бројот ќе се зголемува со оглед на тоа што очекуваме и гости од земјите од регионот. Дино паркот во Скопје ќе стане регионална туристичка атракција“, вели Галетановски.

Дино паркот работи од 9 до 21 часот, влезот е 50 денари и се влегува од посебен влез од кај Градскиот парк, односно на стариот влез на Зоолошка.

Во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина и синхронизирани движења, кои испуштаат звуци. Има Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, мали диносауруси, како и мајки со бебиња и јајца. Низ паркот се засадени 430 високостеблести и нискостеблести растенија.

Уредување на просторот и набавката на диносаурусите од Кина чини 350.000 евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје.