Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

ОД СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ 1,95 МИЛИОНИ, ОД ЧАНТИТЕ НА БОКИ 650.000 ЕВРА – КОЛКУ ПАРИ ЌЕ СЕ НАПЛАТАТ ОД КОНФИСКУВАНИОТ ИМОТ

Имаме повеќе од 20 недвижности кои планираме да ги објавиме во следниот период, со согласност од владата. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме уште многу имоти ставени на јавно наддавање – вели Дритон Небиу, директор на Агенцијата за конфискуван имот.

Становите на поранешниот премиер Никола Груевски на улица Бихаќка и резиденцијата во конплексот Панорама се проценети на 1,95 милиони евра, изјави Дритон Небиу, директор на Агенцијата за конфискација на имот во интервју за Радио Слободна Европа.Агенцијата чека согласност од Владата за лицитација на одземените имоти на Груевски. Директорот вели дека во државниот буџет ќе се вратат милиони евра, а поранешниот премиер има и други имоти за кои сè уште не е направена процена.

– Имаме и два имота во Нерово и во Центар, за кои сè уште немаме добиено оценка од судското вештачење, додека за сè друго што е оценето, за становите на Бихачка и за резиденцијата Панорама, се работи за околу 2 милиони евра, поточно 1.950.000 евра – рече Небиу.Владата треба да одлучи и што ќе биде со парцелите на Водно, дали ќе се продаваат како градежно земјиште или ќе останат во државна сопственост како шуми.

Во меѓувреме, сè уште не се продадени ниту третина од имотите на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, кои беа конфискувани од Агенцијата за конфискација на имот. Небиу вели дека му е чудно зошто процесот на продажба не започнал порано.

– Сè уште поседуваме над 20 недвижности кои планираме да ги објавиме во следниот период. Секако, треба да добиеме согласност од владата. Нема да оди бавно. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме уште многу имоти ставени на јавно наддавање, а дали ќе се продадат зависи од граѓаните-додава Небиу.

Според Небиу, од 17 милиони евра од пресудата на Сеат Кочан за случајот „Трансмет“ не е вратен ниту денар во државниот буџет. Недвижностите се заложени во банките, додека движните имоти, како камиони и останато, ги нема во Агенцијата за одземање на имот. Од Агенцијата велат дека немаат надлежности ниту човечки ресурси да ги примат во Агенцијата.Агенцијата ќе ги продава и облеката и чантите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кои се проценети на околу 650.000 евра.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ