Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

ОД СЕПТЕМВРИ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ ЌЕ ДОБИЈАТ ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ

Средношколците со попреченост од септември ќе добијат образовни асистенти, а во моментов, доколку има сериозна потреба и непополнето место за образовен асистент Министерството за образование и наука, ќе се потруди да обезбеди и за овие ученици. Законот за средно образование, кој вчера поминал на Влада и ќе оди во собраниска процедура, предвидува образовни асистенти и во средните училишта.

-Претходниот закон не предвидуваше образовни асистенти во средните училишта. Овој закон предвидува образовни асистенти и во средните училишта. Тоа што е сигурно е дека тие од септември оваа година, ќе имаат образовни асистенти, а во моментов, доколку има сериозна потреба и непополнето место за образовен асистент, ќе се потрудиме да обезбедиме и за овие ученици – одговори Јаневска одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ