Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

ОД СДСМ ЈА СМЕНИЈА ПЛОЧАТА, СЕГА СЕ ПРОТИВ КОЦЕВСКИ?! КУЗЕСКА: КОГА ИСТРАГАТА Е СЕЛЕКТИВНА А ОБВИНИТЕЛОТ СТАНУВА ПОДОБЕН ЗА МИЦКОСКИ, ПРАВДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 луѓе, повикува на неселективна и темелна истрага за лоцирање на одговорност.

За жал, од досегашниот тек на истрагата гледаме дека се води селективно и не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.

Како тоа тие што се директно одговорни за безбедноста на самиот настан, во БЈБ и МВР, во ОВР Кочани и Штип како е можни тие да не се опфатени со истрагата?
Законот за јавни собири јасно определува кога и за какви настани полицијата има обврска да постапи и да превенира.

Доколку институциите постапеле согласно своите законски обврски, на терен ќе имало присуство на Противпожарна бригада, Брза помош, адекватен број полициски службеници и сите неопходни безбедносни протоколи за ваков тип јавен собир.

Се поставува прашањето како е можно да не се истражуваат лица кои вечерта биле на одговорни позиции со законска должност да постапат – но не го сториле тоа?

Понатаму, зошто актуелните директори на ДПИ и на УЈП не се опфатени со истрагата?
Истражниот процес, кој мора да биде непристрасен и целосен, се претвора во инструмент на политичко калкулирање.

Се заштитуваат позиции, се менуваат стратегии.

Пред само неколку недели, јавниот обвинител беше под притисок за разрешување и тоа директно од Мицкоски.

Владата започна постапка, се вршеа јавни напади, се создаваше јасен наратив за негова недоверба.

Одеднаш пресврт, станува „потребен“ – постапката е стопирана, Советот за јавни обвинители не заседава, а Мицкоски повикува да му се даде шанса.

Кога обвинителот од неподобен станува подобен, а истрагата ги допира само оние од минатото тогаш е јасно дека неселективна правда не може да се очекува.
СДСМ нема да молчи. Ние нема да го оставиме јавниот интерес во рацете на политичари што правдата ја испорачуваат според нивната политичка потреба.
Повторуваме – секој што има одговорност, мора да одговара. Без оглед на политичка припадност или моментална функција.

Мицкоски треба да знае, граѓаните на улиците се борат токму протви овој систем, против овие влијанија, неодговорност и селективна правда. Ова е сржта на проблемот.
Семејствата на загинатите не заслужуваат таква истрага. Македонија заслужува вистина и целосна одговорност за сите. Се друго ќе значи доуништување на и така малата доверба на граѓаните во државата.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ