ОД СДСМ БИТОЛА ЗАПУКАА СО ТОМАХАВК АРСЕНАЛ – ИЛИЕВСКИ : ПАДНА ПРВАТА ОСТАВКА, А КОЊАНОВСКИ ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ШТИТИ “ШЕМИТЕ” НА ДПМНЕ, ЗАКАНИТЕ НА МАВРОВСКИ НЕ НЕ ПЛАШАТ, НАЗАД ВИ Е ЗИМАТА!

0
471

Прес конференција на Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола.

Падна првата оставка откако го обелоденивме скандалот со испумпувањето на пари од општинскиот буџет за полнење на џебовите на партиски послушници на ДПМНЕ.

Васко Мавровски, портпаролот на ОК на ДПМНЕ во Битола, е разрешен од Управниот одбор на Културно информативниот центар.

Но, шемата за кружење на парите од едниот во другиот џеб на ДПМНЕ останува. Мавровски и понатаму е член на општинската комисија која одлучува кој поединец, организација, група или ансамбл ќе добие пари од општината.

Токму таа комисија одлучува дали и неговиот театар Бабец ќе добие пари од Општина Битола. Значи, Мавровски аплицира во општината за пари за некој проект и самиот одлучува во комисијата дали ќе си ги додели и не. Тука е судирот на интереси кој СДСМ го обелоденува.

Во меѓувреме, Мавровски е вработен и зема плата и од Народниот театар Битола.

Јасно е како ден дека се работи за разработена шема. Единствено нејасно е дали парите на битолчани што Мавровски ги врти преку проекти остануваат само за него или мора нешто да однеси и в партија.

Градоначалникот Тони Коњановски со молчењето и неказнувањето на злоупотребите што се случуваат во општината, застана во одбрана на овие појави. Затоа, СДСМ го пријави случајот во Државната комисија за спречување на корупција.

Има уште многу шеми во општината и во јавните претпријатија кои имаат една иста цел – пари на битолчани да завршат во џебови на функционери на ДПМНЕ наместо во проекти за поубава Битола. Ќе ги обелодениме сите за битолчани да знаат дека Коњановски и екипата околу него глумат дека нешто работат, додека се богатат неколкумина. Заканите на Мавровски и слични на него ниту ќе не исплашат, ниту ќе не премислат. Назад ви е зимата!