Газдата на ,,Пуцко Петрол”, Асмир Јахоски кој е осомничен за перење пари и на кого судот му одреди 30 дневен притвор во Шутка, потоа со гаранција од 2 милиони евра дека нема да бега судот ја преиначи во куќен притвор.
Но како што дознава Скопје1 на негово барање судот му издал времен пасош за тој да може да оди во Турција, па така неговото патување во Истанбул стана законски и легално.
На социјалните мрежи негов роднина, Алија Јахоски објави фотографии од негово присуство во Истанбул, Турција каде честитаат заедно на близок член на семејството за завршено ,,високо образование”.
Останува нејасно кој, како и зошто на Исмаил Јахоски кој е сопственик на ,,Пуцко Петрол” во аферата околу набавката на мазут каде заедно со Ратко Капушевски им беше одреден притвор и каде заедно се дел од истражна постапка сега е со времен пасош со одлука судот.