Од понеделник пукаат „бомбите“ – проект „Вистината за Македонија“

0
1149

Од понеделник СДСМ ќе започне со објавување на „бомбите“, односно, како што го нарекуваат проектот „Вистината за Македонија“.

10599468_897711370260216_2353835472060938312_n1-540x304

Централниот одбор на СДСМ едногласно застана зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев и раководството на партијата и донесе црвста и решителна одлука да почне објавувањето на документите, што докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта, соопштуваат од партијата.

„Централниот одбор, го овласти раководството на СДСМ да ги обелодени документите што докажуваат системско и незаконско прислушување илјадници граѓани, целосна контрола и злоупотреба на државните институции и правосудните инстанци во партиски и изборни цели, злоупотреби и груби нарушувања во изборниот процес, селектираната и партиски диригирана правда, погазената држава.

Во едногласно усвоените заклучоци се констатира дека вистината за состојбите во Република Македонија мора да излезе на виделина и согласно Уставот и законите никој нема право да го спречи објавувањето документи, што докажуваат криминал и злоупотреба од страна на највисоките ешалони власта.

Целта на овие документи не е само да се констатираат постоечките состојби и да се објави вистината, туку и да се иницира процес на враќање на слободата и демократијата и возобновување на правната држава.

Како што учествуваше во поставувањето на темелите на државата и во сите чувствителни моменти за земјата, СДСМ е подготвена и денес да ја одигра клучната улога за Македонија, констатираше Централниот одбор.

За таа цел Социјалдемократскиот сојуз почува проект Вистината за Македонија.

Централниот одбор на СДСМ ги повикува сите граѓани да ги подржат напорите за враќање на Република Македонија на демократските патеки.

ЦО на СДСМ вечерва донесе и неколку други одлуки.

По истекот на мандатот на Рената Дескоска Треневска како претседавач со ЦО, едногласно е именуван нов претседавач, членот на Централниот одбор, Диме Велковски. Рената Дескоска Треневска останува членка на ЦО.

Исто така, Централниот одбор на СДСМ едногласно одлучи, Едмонд Адеми да биде член на Извршниот одбор и на Централниот одбор на СДСМ“, стои во соопштението на СДСМ.

10984239_897710893593597_5657913409559065366_n1-540x304 15244_897711586926861_256732241809657230_n1-540x303 10603556_897710556926964_8758705136157156434_n1-540x304