ОД ОЈО ДЕМАНТИРААТ АПСЕЊЕ И ПРИВЕДУВАЊЕ ОД СТРАНА НА МВР ВО СЛУЧАЈОТ КАЈ ГАЛАТЕ : НЕВИСТИНИ СЕ ИНФОРМАЦИИТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВЕРСКИ ОБЈЕКТ ВО ГОСТИВАРСКО, НЕМА НАРЕДБА ЗА ПРИВЕДУВАЊЕ ЛИЦЕ

0
180

Јавното обвинителство реагира по повод најавите на социјалните мрежи дека наводно се апсат луѓе што градат верски објект во Гостиварско. Тие велат дека нема издадено наредба за приведување лице, туку дека е поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во близина на пат.

„Во однос на објавените невистинити информации, кои се споделуваат на социјалните мрежи, а се преземени од повеќе медиуми и се однесуваат за настан во близина на верски објект во Гостиварско, Основното јавно обвинителство Гостивар ја известува јавноста дека јавен обвинител нема издадено наредба за приведување или задржување лице.

Основното јавно обвинителство Гостивар е известено дека МВР постапува во конкретниот случај по поднесена пријава од Општина Врапчиште за недозволено вршење градежни работи во непосредна близина на магистрален пат. Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител, денеска полициски екипи ќе извршат увид на самото место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите што се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело“, велат од Јавното обвинителство.