ОД ОВАА ФОТОГРАФИЈА ГРУЈО И ВМРОВЦИТЕ ЌЕ ПУКНАТ ОД МАКА : Заев се сретна со Трамп, а Грујо ќе се сретне деновиве со Катица, Ленче и Фатиме од СЈО!

0
1272

Премиерот Зоран Заев на својата Фејсбук страница објави фотографија од средба со американскиот претседател Доналд Трамп:

„Во Њујорк сум за Генералното Собрание на ОН. На средбата со претседателот Доналд Трамп предмалку изразив поддршка за неговата иницијатива преку Декларација да се поддржат реформите предложени од генералниот секретар на ОН. Посакав успешен старт на реформите на организацијата на ОН“, напиша Заев.

Заев до 23 септември присуствува на Генералната дебата на 72. Генерално собрание на Обединетите нации. Тој за време на работната посета на ОН и на САД, е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот без ресор, задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ги критикуваше Обединети нации дека се оптоварени со бирократија и лошо управување и повика на реформи, со цел ОН да зајакне и да биде поефикасна во спроведување на мирот.

Во своето прво обраќање на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, посветена на реформите на Светската организација, Трамп ги поздрави напорите на генералниот секретар Антонио Гутереш за реформирање на организацијата.