ОД МВР ИНФОРМИРААТ, ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА ЗАГИНАТИОТ КАЈ СТРАЖА, КИЧЕЕЦ ГО ВОЗЕЛ МЕРЦЕДЕСОТ

0
340

Триесет и четири (34) годишен гостиварец е жртвата во тешката сообраќајна несреќа, што се случи вчера попладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во Ново Село.

МВР денес излезе со официјална информација во која се вели дека во сообраќајката учествувале: патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М. (41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско.

„На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило С.Е.(34) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото “мерцедес“ П.Ж.(51) и М.М.(42) двајцата од Р.Србија, сопатникот од товарното моторно возило М.К.(31) од Гостивар и возачот Б.Љ., а со телесни повреди повреди се здобиле возачите З.М. и Е.Н. како и сопатникот од возилото “бмв“ Р.Р.(23) од Г.Палчиште-тетовско констатирани во Ургентниот Центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар во присуство на Јавен обвинител.“, соопшти МВР.