ОД МАКЕДОНИЈА ГОДИШНО СЕ ИСЕЛУВААТ 12.000 ЛУЃЕ

0
319

Ако иселувањето продолжи со вакво темпо тогаш црно и се пишува на Македонија. Годишно по 12.000 лица ја напуштаат државава во потрага по подобар живот.

Според ДЗС од анализите кои ги имаат направено во догледно време не може да се очекува подобрување на демографската состојба доколку нема решенија од државата. Но проблемот не е само со иселувањето туку и со нискиот наталитет кој го има Македонија.

Статистичарите велат дека Македонија ќе треба да увезува работна сила, а најдоброто сценарио за излез од ваквата ситуација е интеграцијата во Европската Унија. Инаку ако вака се продолжи со вакво темпо до 2070-та година Македонија ќе остане со само 1,25 милиони население.