Wednesday, July 9, 2025
20.8 C
Skopje

ОД ЗОО СКОПЈЕ ПОТВРДИЈА ДЕКА Е УГИНАТА МАЈМУНКА, НО ДЕМАНТИРААТ ДЕКА БИЛА БРЕМЕНА

Зоолошката градина – Скопје денеска потврди дека е угината мајмунка од видот сијаманг од причини кои засега се непознати бидејќи телото е на обдукција и најавија, но ги демантираше тврдењата на советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков дека угината женка била бремена.

Од таму посочија дека точните причини за угинување на животното ќе бидат објавени веднаш штом ќе ги добијат резултатите од направената обдукција.

-Во врска со угинатата женка од видот сијаманг, Ве известуваме дека точните причини за смртта ќе ги објавиме веднаш штом ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, со цел поголема транспареност, како што тоа е пракса и од минатато.Исто така би сакале да ги демантираме шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во моментот на угинување- велат од ЗОО Скопје.Претходно, Кирков објави дека во зоолошката градина Скопје пред неколку дена починала млада женка – сијаманг која била бремена.

-Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред неколку дена, починала млада женка од врстата сијаманг – еден од најретките и заштитени видови на мајмуни во светот.

Дополнително трагично е што се работи за бремена женка- напиша Кирков на социјалните мрежи.Од ЗОО Скопје посочија дека животните од скопската зоолошка добиваат ветеринарен третман веднаш штом се појави било каков прв симптом или аларм дека можеби се болни или имаат некаква повреда и истакнаа дека благосостојбата на животните се следи постојано од страна на вработените.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРГОВСКАТА ТИШИНА ПРЕД БУРА: ЕУ И САД НА РАБ НА ЦАРИНСКА ЕСКАЛАЦИЈА

Зоран Русмир, дописник на „Слободен печат“ од Виена, Австрија Европската...

ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ИСФРЛИ ПОВЕЌЕ ОД 30 ТОНИ ВОДА ВО РЕОНОТ НА ДОЈРАН

Денеска во попладневните часови хеликоптерот бел 412 беше повикан...

СПОРЕД ЦУК АКТИВНИ СЕ 11 ПОЖАРИ ОД КОИ ЕДЕН ПОД КОНТРОЛА

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до...

НИКОЛОСКИ: ОСТАНУВАМЕ ПОСВЕТЕНИ НА ОНА ШТО ГО ВЕТИВМЕ, ОЧЕКУВАМЕ УБЕДЛИВА ПОБЕДА ВО ПРВИОТ КРУГ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Благодарам на присуството, Денеска...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ