Од денес во 20:30 часот стартува „Уреднички брифинг“ на 1ТВ со Ацо Кабранов, прв гостин Стево Пендаровски

0
1400

Од денес стартува емисијата „Уреднички брифинг“ со Ацо Кабранов. Во неа, секоја среда и петок на 1ТВ, од 20.30 часот, со свои гости, Кабранов ќе ги анализира актуелните теми од разни сфери на општеството.

Првата емисија е веќе утре (среда), посветена на Денот на НАТО, а соговорник е Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.