Од два часот изутрина се чистат улиците во општина Прилеп

0
850

Дежурните екипи од „Елмонт“ и подизведувачите „Изофас“ и „Пела-транс“, коишто го добија тендерот за зимско одржување на улиците се на терен од 2 часот по полноќ.

„До десет часот се исчистени улиците и од прв и од втор приоритет. Продолжуваме да чистиме со целата механизација на терен. Снег врне без прекин, така што брзо и лесно се создава нова снежна покривка, која што мора да се отстрани навреме, со цел да нема прекини во сообраќајот“,вели Роми Желческа – Иваноска од „Изофас“.

Според Благоја Богоески задолжен од Општина Прилеп за надзор врз зимското одржување на улиците и патиштата од општината, паралелно се чистат и населените места.

„Селата Оревоец и Селце се ставени на листата градски населби, а се чистат и улиците во селата. Се интервенира секаде нон – стоп. На граѓаните им се остава впечаток дека сообраќајниците доволно не се чистат, но оваа е зимска состојба така што од една страна се чисти, а од друга страна повторно се создава нова снежна покривка“, вели Богоески.

Улици од прв приоритет се: булеварот Гоце Делчев, Александар Македонски, Цар Самоил, Борба Талески, Мирче Ацев, Мечкин Камен, Ѓорѓи Димитиров, Вера Циривири- Трена, Димо Наредникот, Петта Прилепска бригада, Октомвриска, Кеј 9-ти септември, Кеј Први Мај и др.

Улици од втор приоритет се: Бистра Планина, Осоговска, Цане Коњарец, Македонска, Блаже Иваноски, Цане Кузманоски, Андон Слабејко, Радовишка, Пчиња и други.