ОД ВЧЕРАШНИТЕ БРОЈКИ: Се шири вирусот во Шуто Оризари, најмногу новозаболени сепак во Чаир, Бутел, Сарај

0
523

Од вкупно дијагностицираните нови 35 случаи на Ковид-19, според денеска објавените податоци, 22 се од Скопје.

Како што информира Институтот за јавно здравје, од нив од Чаир се пет луѓе, од Бутел тројца, Сарај двајца, Аеродром – 2, Шуто Оризари – 2, Ѓорче Петров – 2, Илинден – 2, Гази Баба -1, Студеничани -1, Сопиште -1 и Кисела Вода – 1.