Од вторник се отвора Зоолошката градина во Скопје

0
78

По повеќе од два месеци, од вторник повторно започнува со работа и Зоолошката градина во Скопје.

Таа ќе биде отворена од 9 до 18 часот со строго придржување на мерките за заштита – маска и социјална дистанца.

Како што информираа оттаму, бројот на посетители ќе биде ограничен со цел да не се создаваат гужви.