Потрошувачката кошничка е намалена, пензиите се зголемија за 2500 денари, растат и платите, а со СДС се стагнираше.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизираше инфлацијата, која сега се движи меѓу 2 и 2.5%, во време на СДС стапките беа и двоцифрени во време кога во Европа беа едноцифрени.
Пензиите пораснаа за 2500 денари, а од следната година ќе пораснат уште за 2500 денари. Куповната моќ на пензионерите е зголемена.
Со владата на ВМРО-ДПМНЕ растат и платите, се постигна договор за раст на платите во образованието.
Раст на плати ќе има секаде и тој ќе биде реален, не како со СДС фиктивен.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за целосно подобрување на стандардот на граѓаните.
Изминатиов период ги саниравме лошите последици од владеењето на СДС.