ОД ВЕЧЕРВА ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА

0
65

Цените на бензините се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека дизел горивото и Екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар за литар  Се зголемуваат цените на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Согласно најновата одлука, од вечерва малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека дизел горивото и Екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар за литар.

Од ноќеска, бензинот Еуросупер БС-95 на бензинските станици во земјава ќе чини 75 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари за литар. Литар Еуродизел ќе чини 67,5 денари, а маслото за горење ќе се продава за 66,5 денари за литар. Поскапува и мазутот, чија цена од ноќеска на полноќ ќе изнесува 41,827 денари за килограм.