Friday, June 20, 2025
22.8 C
Skopje

ОД БРИТАНСКИТЕ ПАРИ ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ БОЛНИЦА ВО КИЧЕВО, ОТКАКО СТАРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ДОГРАДИ 40 ГОДИНИ

Од британските пари што ќе ги позајми Македонија во стратешкото партнерство, ќе се изгради Клиничката болница Штип која веќе се гради со години, ама ќе има и нов Медицински факултет во овој град.

Најавено е и реновирање на Клиничката болница во Тетово, а и нов здравствен дом со општа болница во Кичево. Кичевската болница пак, се гради речиси 40 рекордни години неуспешно. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека покрај здравствените проекти ќе се реализира и брза пруга.

По трагедијата во Кочани тој посочи дека неговото министерство одзело 489 лиценци од градежништвото, ама бидејќи фирмите почнале да тужат во управниот суд за одземањето – се смениле 9 закони и сега одземањето лиценца е правосилно веднаш. Во мојот ресор одзедов 489 лиценци.

Очекував да се случи баш тоа што се случи, а тоа е дека носителите на тие лиценци ќе се обидуваат да го изигруваат системот преку судски процеси. Заради тоа сменивме 9 закони и сега веќе одземањето на лиценцата е правосилно со самото одземање. Секако постои право на жалба, но тоа не го одлага извршувањето. Секако работите не можат да се сменат преку ноќ, но некои почетни контури се гледаат, вели Николоски. Тој зборуваше и за нов проект во Мариово.

– Проектот се наоѓа во Мариово и би значело сериозен воден потенцијал за наводување и за Мариово и за Тиквешкто поле што сериозно треба да го подобри земјоделието, но исто така проектот е добар од причина што околу себе може да развие други обновливи извори на енергија, мислам на солар и ветер и да се отворат производствени капацитети за тоа и секако да се развива и туризмот.

Така што кога ќе видите Мариово сега е едно пусто место за разлика на времето кога било наслено и многу богато, така да може да се врати на старите патеки, рече вицепремиерот Николоски. Тој најави и новитет во однос на авиосообраќајот каде во изминатата година се отворени 11 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, а следува и реконструкција на охридскиот аеродром.

-Во текот на летото ќе излеземе со вест која што ќе е бум за сите кои што сакаат да патуваат и за туристите кои што сакаат да доаѓаат во Македонија, со што ќе имаме едно сериозно подобрување на поврзаноста на Македонија, додаде Николоски.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ