ОД БИХАЌКА РАСПАЛИЈА СО ТОМАХАВК РАКЕТИ ПО ВМРОВЦИТЕ – КАЕВСКИ: КОМПАНИИ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА НЕ ПЛАЌАЛЕ СТРУЈА, НАПРАВИЛЕ ДОЛГ ОД 54.000 ЕВРА, ДОКУМЕНТИ ОТКРИВААТ ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЗА КАНДИДАТКАТА НА ГРУЕВСКИ

0
1109
Прес конференција на пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.
Документи кои се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со  кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.
Нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода.
Ова е тој Договорот за закуп.
Но, фирмата замислете, не плаќала струја! Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари!
Еве го вториот документ. Погледнете, долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра.
Данела ниту е чесна ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него.
Ова почитувани граѓани е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење.
Неодговорен и нечесен однос кон имотот на граѓаните, кои се реални сопственици на салата.
Ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јасно е дека нема да може да управува со цел Град.
Ако не плаќала струја, не почитувала Договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и договорите на градот.
Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ кои 27 години го опустошија Скопје.
Не може граѓаните да си ги плаќаат своите сметки а Данела на нивниот грб да се богати.
Почитувани,
Поразот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е јасен. Но, овде зборуваме за нешто сосема друго, зборуваме за неодговорно и недомаќинско управување на грбот на граѓаните.
Има ли Данела Арсовска и други долгови и колкави се тие?
Јавноста очекува одговори.