ОД БИХАЌКА ЗАПУКАА СО ТЕЛЕДИРИГИРАНИ ПРОЕКТИЛИ : ВМРО-ДПМНЕ ДА ОДГОВОРИ КАКО СЕ ПОВРЗАНИ МИЦКОСКИ И КОМПАНИЈАТА НА ГРУЕВСКИ КОЈА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД?

0
1300

ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да одговори како се поврзани Мицкоски и унгарската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже:

Која е поврзаноста со украинската компанија на Груевски која се најде на црната листа на САД?

Што знаел за матните зделки на Никола Груевски и зошто со години молчи?

ВМРО-ДПМНЕ сака да коментира се ама не кажува ништо за тоа што Никола Груевски, шефот на Мицкоски, е на црната листа на САД, поради корупција и криминал.

Ниту осуда, ниту извинување до граѓаните, ниту оградување од криминалот, ништо.

Молчи ВМРО-ДПМНЕ ама молчи и Христијан Мицкоски.

Тоа е истиот Христијан Мицкоски кој бил советник на Никола Груевски (2015-2016) а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.