Омилените бисквити на многу генерации, ,,Плазма”, кои ги произведува фабриката ,,Бамби” од Пожаревац, веќе подолг период ги нема на рафтовите во маркетите. Причина е големиот пожар кој на 29-ти јуни годинава целосно ги уништи погоните за производство.
Дали и кога ,,Плазма” ќе се врати во продажба, неколку месеци наназад е актуелно прашање помеѓу граѓаните, а од фабриката се огласија со соопштение во кое појаснуваат дека пожарот им го променил животот, но и долгогодишните планови на вработените.-Најважно ни беше сите вработени да се безбедни и да нема повредени. Но, самиот поглед на уништените погони остави на сите нас длабока трага.
Од таму додаваат дека поради сите луѓе, излегуваат посилни од се што им се случило, и дека се сигурни како денот кога ќе слават нов почеток, односно кога ,,Плазма” ќе се врати во продажба, е се поблизу.
Вики Клинчарова, Од ФОКУС