Monday, February 10, 2025
2.8 C
Skopje

Одново пропаднаа преговорите за изборниот законик

До рано утрово траеле преговорите на партиските групи со олеснувачот Питер Ванхауте, но повторно не бил постигнат договор околу изборните правила, објавува Дојче Веле.

Според информации на ДВ, преговорите завршиле во 2.30 часот утрово, но најавено е дека денеска повторно ќе продолжат.
Рокот, поставен со договорот од Пржино, за измени во изборното законодавство истече на 6 октомври. Оттогаш траат поединечни и групни преговори, но партиите не можат да се договорат околу повеќе точки кои го опфаќаат гласањето на дијаспората, функционирањето на ДИК, чистењето на избирачкиот список…

Сѐ додека не се постигне договор за изборните реформи се одлагаат и следните приоритети кои беа претходно ставени на агендата за расправа. Меѓу нив се и реформите на медиумите и правосудството, законите за спречување на злоупотреба на „бомбите“ и за заштита на „свиркачите“, како и изборот на министри и заменици-министри во преодната Влада, кои треба да бидат избрани најдоцна до 20 октомври, но согласноста за нив треба да се постигне до крајот на оваа седмица.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими, изјави дека ако не се испочитува политичкиот Договор од 2 јуни и ако нема целосна посветеност на итните реформски приоритети, може да се случи Македонија да не ја добие препораката за членство во Европската Унија.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНИ СТАНОВИ ЗА 1.000 ЕВРА ПО м2 ЗАПОЧНУВА УТРЕ ВО БИТОЛА

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови...

ЧИСТЕЊЕ СНЕГ НИЗ УЛИЦИТЕ НА МОНТРЕАЛ

Отстранувањето на снегот на тротоарите и улиците низ Монтреал,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ