ВМРО-ДПМНЕ повторно блокира во ек на пандемија: Одлуката за продолжување на кризната состојба е блокирана со 400 амандмани

0
207

Одлуката за продолжување на кризната состојба во земјава е блокирана со над 400 амандмани. Оваа точка е на дневен ред на утрешната седница, која, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, е одложена на неодредено време поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ го условило кворумот со барање утре да се расправа само за три, наместо за 30 точки, колку што се на дневен ред. Џафери денеска повика на здрав разум наместо теснопартиски интереси и ја посочи оваа точка како пример, која е прва на дневен ред и истакна дека со одлуката треба да се продолжи кризната состојба, која според претходната одлука завршува на 31 март.