Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ СО СПОРТСКИТЕ ВАУЧЕРИ НА АМС, ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ НА ОПЕРАЦИЈА

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ