ОДЛИЧНА ВЕСТ: 91% од здравствените работници кои беа заболени од КОВИД-19 се оздравени

0
887

Почитувани,

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од вкупно 247 здравствени работници заразени со КОВИД-19, од нив, 226 се оздравени. Односно, 91% од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени.

Им оддаваме чест за храброста и посветеноста. На сите останати им посакуваме брзо закрепнување. Исто така, апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките во целост.
Со почит,
Одделение за односи со јавноста
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk