ОДЛИЧНА ВЕСТ : Во Бугарија уапсен Игор Спасов – убиецот на Мартин Нешковски

0
209

Бугарската полиција не извести дека денеска во Софија приведен е Игор Спасов, по наша распишана потерница, велат за ТВ21 од Министерството за внатрешни работи.

На 30 октомври МВР распиша потерница по Спасов.

Осудениот Спасов во затвор требаше да се врати откако ќе му заврши лекувањето, но тоа не се случи. Наместо тоа, тој побегна.

Поранешен припадник на „Тигрите“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Полицискиот поранешен специјалец тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

Спасов тврдеше дека на плоштадот бил службено и дека последен пат кога го видел Нешкоски тој бил жив. Пред судот раскажа дека не го познавал Нешкоски и дека немал никаков мотив за да го убие.