Одговорност, бре, мафијаши! Народ гине!

0
1725

Малата среќа во оваа голема несреќа што и се случи на Македонија, е тоа што и оние „што не сакаат да се занимаваат со политика”, како и оние што слепо слушаат, гласаат, одат на протест или дубат на трепки на команда на партиите на власт, ја видоа на дело распрдената партиска машинерија која ги узурпира институциите, а која не може да се справи соодветно ни со еден пороен дожд. Последиците се стравични, не чини прескапо, не чини многу човечки животи и многу уништувања. А природата не бира по етничка и партиска припадност.

Оваа општа деградација на институциите конечно им се покажа брутално на сите. Тоа што се случи не може да го скрие ниту највештиот ниту најскапиот ПР. А оваа деградација ни се случува секаде, во сите професии и области, многу од кои влијаат значајно или пресудно на нашите животи. Така е во образованието и здравството, полицијата и судството, работните односи и социјалата, во заштитата на човековата средина, во инфраструктурата и градежништвото…

За оваа деградација со години предупредуваат вашите омилени “предавници”, “соросоиди”, “шпиони”…Тие што со време дигаат аларми, за да не дојде до вакви ситуации. Но, тие не чинат, и затоа е толкавата црна пропаганда кон нив со сите расположиви сили, затоа што ги дигаат тие аларми, и ја расипуваат розовата слика за власта.

Сега, вашите омилени издајници бараат одговорност! Малку ни е преку се од “смирување топки”, “не е време сега..” и слични фемкања!

Одговорност бре, мафијаши! Ај што не бевте спремни, имавте нестручни лица на клучни позиции и не се справивте со поројот, ама и после тоа уште допунски ја доукакувате поштено, за што и да се фатите! Од вести на јавен сервис на ден на жалост што ги газат сите стандарди за водење вести на таков ден, преку несоодветното третирање на загинатите како што пропишуваат меѓународните стандарди на кои се обврзала земјата, па се до вашиот огавен ПР кој користи ваква човечка несреќа, за која сте најмногу криви вие, поради вашата нестручност и криминал! Да не збориме за милионите што ги украдовте со СК 2014 , кои ќе спасеа многу ако беа употребени соодветно!

Петрит Сарачини – Фејсбук статус