ОДВРАТНИТЕ ДОЛГОВИ (ODIOUS DEPTS)

0
887

Транзициската правда во нашиот пост-период треба да вклучи неколку важни теми/ прашања, а ЕДНО од нив е и прашањето на одвратните долгови (odious debts). Кој ќе ги плати, имено, грешките  a poros  задолжувањата?!  Уште поконкретно: зошто народот би плаќал  нелегитимни кредити од кои тој воопшто не бенефицирал?

chupeska-ana

Ова е една  исклучително важна тема, а во престојните денови  умно би било да се постави и на  на преговарачката маса- да стане , имено  МАНДАТНО ПРАШАЊЕ на преодната влада. Ми се чини , дека  нема да постојат во иднина услови да се отвори и затвори прашањето за “неплаќање” на нелигитимните  кредити, или за нивните попусти. Оттука,  ургентно е  да се актуелизира темава и прашањето да стане мандатно. Секоја наредна политичка власт ќе биде, имено, изложена на далеку поголемо искушение да подлегене на опијатните провизии од неолибералните “понуди” за странските директни инвестиции, откупи и концесии на национални добра  и услуги итд, итд.

Важноста на ова прашање има  и  ДОЛГОРОЧЕН  ефект.  За Заев пак,  ова може да е многу погодна тема  преку која тој  би се позиционирал  поцврство/ поуверливо  во однос на “граѓанскиот”  дел  –  маса на луѓе  кои нема да можат  лесно да ги проглолтаат  “компромисните решенија од преговорите” .  Затоа, ако успее да го  истурка и прашањето на одвратните долгови (а тоа секако дека е изодливо!) – тоа да стане дел од  мандат на новата техничка влада – тој би можел да добие и статус на национален херој . Имено, би докажал дека не му е важна само Власта , туку и граѓаните, би заличил на  Рафаел Корреа.

Параметрите за еден долг да биде прогласен за ОДВРАТЕН се неколку:

  1. Владата на земјата земала заем без знаење и без дозвола од народот;
  2. Заемот е порошен за активности кои немаат бенефит за народот, туку само за персонални потреби на власта ( напр. бизниси);
  3. Позајмувачите знаеле за ова, но , и покрај тоа го даваат заем;

Со правнички/легалистички вординг  изложено,  основи за прогласување на еден долг за одвратен се неколку:

  • Ако долгот е нелегитимен, т.е., Влста ги употребува парите за лични цели или за репресија на народот;
  • Ако позајмените пари се употребени на начин кој е спротивен на народниот интерес а со знаење на самиот кредитор; тука,  дури кредиторот се третира како да извршил НЕПРИЈАТЕЛСКИ АКТ  ПРОТОВ НАРОДОТ и затоа долгот може да биде предмет на отфрлање;
  • Ако се загрозени човековите права ( забрана на ропство напр.) , посебно принципот на еднквост како важен аспек на транзициска правда; овој принцип е важен дека е основа на меѓународното право и е признат како принцип и како како извор на право по кој суди меѓународниот суд на правдата;

 

Успешни примери за тоа  долговите да бидат прогласени за одвратни има многу и датираат уште од временто на Максимилијан I. Републканците, во тоа време, откога го  детронизирање  Императорот, прогласиле дека неговите долгови се нелегитимни – одвратни и дека нема да ги плаќаат. Тој, имено позајмувал високи суми на пари за да  ги поткупува оние кои се противеле на неговите политики. Слично, САД одбиваат да плаќаат долгови кои ги направила шпанската колонијална власт на Куба во времето кога ја превзема, проглсувајќи ги долговите за одвратни, нелегитимни, а оттука и не ги исплаќа (ова е договорено во преговорите за проимопредавње на Куба).  Трет пример за прогласување на долг за одвратен е врзан за инвазијата на Ирак , 2002,  кога американските сили всушност  непосредно пред да го “уништат” Садам Хусеин му помагаат на народот на Ирак. Американците , однапред се спремиле , веднаш по Садамовата капитулација,   долголвите кои тој ги направил да ги  прогласат  за одвратни –  да не се наплатуваат од народот. Слични примери има во Еквадор, Коста Рика, Африка, Грција, и могу други земји .

И во МКД има услови за прогласување на долговите за одвратни, имено сите три парметри се исполенети. Механизмот што се покажал успешен за вакви случаи е следен: веднаш по детронизрањето, капитулацијата, СЕ ПРОГЛАСУВА МОРАТОРИУМ НА ДОЛГОВИТЕ  И СЕ ФОРМИРА НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА РЕЗВИЗИЈА. За нашиот случај, затоа,   е важно  отварањето на постаката за прогласувањето на долговите за одвартни –  да стане дел од мандат на техничката влада – која потем ќе го формира ваквиот комитет. Затоа е важно СЕГА да се одлучи за ова.

Прашањето, дополнително,  има една важна меѓунродна димензија – имено кредиторите ( институции или земји) кои свесно давале заеми на земији кои неможат нив да ги испатат, се сметаат за неморални , непријателски, бидејќи со нив  се  вопоставува еден вид на  ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО. Само за потестување:  СДСМ, пред некоја година испрати писмо до некоја од бретонвудските институции со барање да не дава повќе кредити и укажа дека нелегитимно се трошат парите  од кредитите – што е само еден од многуте расположливи докази за ова “знаење”.

Како и да е ,

најважно е ”новата политичка елита”, незвисно дали доаѓа од граѓанските или партиските кружоци, да  покаже полтичка воља за ваков еден серозен исчекор напред, кој секако е “захтевна” тема од транзициската правда, а која треба сите да ги “соочи” меѓусебно  –  граѓаните, властите, кредиторите.

Многу е важно, исто така,  да не се загуби моментумот, да се запази можноста и  историската шанса граѓаните навистина да бенифицираат,   а не само партиите.  Патем, кај нас ИМА експерти и НВО-а кои се занимаваат со ова конкретно прашање, а има услови за изведување на ваква операција. Потребна е само воља.

Ана Чупеска