ОГРОМНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КАБУЛ, ОСУМ ЛИЦА ЗАГИНАТИ И 22 ПОВРЕДЕНИ ПРИ ДЕНЕШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ШОПИНГ УЛИЦА

0
171
Smoke rises from explosion outside the airport in Kabul, Afghanistan, Thursday, Aug. 26, 2021. The explosion went off outside Kabul’s airport, where thousands of people have flocked as they try to flee the Taliban takeover of Afghanistan. Officials offered no casualty count, but a witness said several people appeared to have been killed or wounded Thursday. (AP Photo/Wali Sabawoon)

Најмалку осум лица загинаа, а 22 се повредени во денешната експлозија на бомба на популарна шопинг улица во Кабул, соопштија болнички службеници и очевидци.

Бомбата експлодирала во западниот кварт на градот, каде редовно се собираат припадниците на малцинската шиитска заедница, пренесува Хина.

Терористичката „Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот преку објава на Телеграм.

Висок болнички извор од приватна болница изјави дека најмалку осум лица загинале, а 22 се повредени.

Нападот се случил пред Ашура, шиитско одбележување на мачеништвото на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед.