ОГНЕНИТЕ“ ГО ГАЃААТ ГРУБИ ЗА ДА ГО ПОГОДАТ АХМЕТИ? АНАЛИЗА ЗА ЗАДНИНАТА НА ПРЕСМЕТКАТА ВО ДУИ

0
729

Али Ахмети е прилично искусен политичар и веројатно веќе гледа одговор на дилемата што можеби го мачи – дали групата што ја бара главата на Артан Груби, всушност доаѓа да му го земе лидерскиот стол – пишува Љупчо Поповски во анализата за Дојче веле. Али Ахмети веројатно ќе се обиде да ја задржи својата партија ДУИ на купче, само прашање е каква цена треба да се плати за тоа. Во еден момент, кога ќе треба да носи одлуки, тоа може да биде многу поскапо – пишува во својата анализа Љупчо Поповски, колумнист и новинар на Дојче веле.

Според него, вистинската цел на „одметниците“ во ДУИ не е само Артан Груби и неговите најблиси соработници, туку Али Ахмети, лично. „Одметниците“ во последниов месец ја засилија својата реторика, почнаа со дополнително прегрупирање на партиските редови и го присилија Ахмети да оди често на партиски трибини и да ги убедува членовите и поддржувачите дека неговиот избор за членови на Владата на Груби и Османи е вистинскиот чекор што го направила ДУИ и дека за нивната работа може да има само најдобри оценки.

Иако „одметниците“ тоа сѐ уште јасно не го споменуваат, на хоризонтот веќе е појавена другата вистинска цел – детронизирање во догледно време на неприкосновениот Али Ахмети. Тој е прилично искусен политичар и веројатно веќе гледа одговор на дилемата што можеби го мачи – дали групата што ја бара главата на Артан Груби, всушност доаѓа да му го земе лидерскиот стол.

Можеби „огнените ветерани“ не можат да се помират со фактот дека Груби, Османи и Крешник Бектеши се новата генерација политичари што ги постави Ахмети во поствмровските влади. Тие мислат дека електоратот на ДУИ не ги препознава како автентични членови и поради нив се подјадува поддршката за партијата, иако на последните парламентарни избори интегративците имаа голем успех.

За подјадувањето на поддршката се смета дека клучен сигнал беа локалните избори во Тетово, и во 2021 и повторените лани летото. Ахмети направи голема грешка кандидирајќи ја Tеута Арифи за нов мандат по двата неуспешни во Тетово, веројатно мислејќи на непогрешливоста на неговиот политички инстинкт и изборните маневри. Но се испостави дека тоа е погрешна проценка чии последици дојдоа.

Изгледа како Меџити не разбрал дека работите не само што се промениле, туку и дека се менуваат секој ден. Па така, кога пред некој ден партиските бунтовници имаа средба со скопската партиска младина во МНТ, тој проектот, кој се одвива што јавно што под површина – влез на Алијансата за Албанците во Владата – го објасни со зборовите дека бил само Артан Груби да се спаси од интерпелација.

И затоа тие се против. Политички, ова е прилично рудиментирано толкување на можните прегрупирања. Одамна е јасно дека разговорите за влегувањето на Алијансата во Владата е за да се амортизира притисокот на „огнените“ во мнозинството, иако Меџити вели дека „има стабилно мнозинство – пишува Поповски во анализата.